ПОТПИШАН ПРОТОКОЛ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ МЕЃУНАРОДЕН УНИВЕРЗИТЕТ ВИЗИОН И BECHTEL ENKA UK LIMITED 2


Меѓународен Универзитет Визион и Bechtel Enka UK Limited 2 официјално потпишаа протокол за соработка, со што се отвораат нови можности за академска и професионална размена. Согласно овој договор, студентите од Меѓународен Универзитет Визион ќе имаат можност да стажираат на работните локации на Bechtel Enka UK Limited 2, каде што ќе можат да ги применат своите теоретски знаења во практична средина и да стекнат драгоцено искуство во меѓународен професионален амбиент.

Во рамките на протоколот, беше дискутирано и за организација на конференции и панели од страна на врвни менаџери и експерти на Bechtel Enka UK Limited 2 на Факултетот за инженерство и архитектура при Меѓународен Универзитет Визион. Овие настани ќе им овозможат на студентите директен увид во индустриските трендови и искуства од прва рака, како и насоки за нивниот кариерен развој.

На церемонијата на потпишување присуствуваа ректорот на Меѓународен Универзитет Визион, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, проект-менаџерот на Bechtel Enka UK Limited 2 Џош Бејкер и заменик-проект-менаџерот и управител на градба/локација, Џанберк Атила.

Оваа соработка се очекува да даде значаен придонес во професионалниот развој на студентите на Меѓународен Универзитет Визион и претставува значаен чекор кон зајакнување на меѓународните партнерства и индустриските врски на универзитетот.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi